За околу 4.000 тони тутун што беше откупен од струмичките земјоделци во текот на изминатата сезона, Владата ќе им исплати 4 милиони евра субвенции за минатогодишната реколта. Исплатата на субвенциите е во тек и се одвива без никакви проблеми. Нема никакви проблеми околу исплатата на субвенциите што започна веднаш по завршувањето на техничките работи. Доколку се јават некои поединечни пречки во врска со списоците, подготвени сме веднаш да ги отстраниме заедно со инспекциските служби и Платежната агенција. Според мислењето на упатените во здруженијата на тутунопроизводители, годинава тутунот во овој регион треба да биде засаден на поголеми површини од лани, што е резултат на правилната аграрна политика на Владата и на Министерството за земјоделство.
За околу 4.000 тони тутун што беше откупен од струмичките земјоделци во текот на изминатата сезона, Владата ќе им исплати 4 милиони евра субвенции за минатогодишната реколта. Исплатата на субвенциите е во тек и се одвива без никакви проблеми.
„Нема никакви проблеми околу исплатата на субвенциите што започна веднаш по завршувањето на техничките работи. Доколку се јават некои поединечни пречки во врска со списоците, подготвени сме веднаш да ги отстраниме заедно со инспекциските служби и Платежната агенција“, изјави Борис Галев, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струмица.
Според мислењето на упатените во здруженијата на тутунопроизводители, годинава тутунот во овој регион треба да биде засаден на поголеми површини од лани, што е резултат на правилната аграрна политика на Владата и на Министерството за земјоделство.